Asus го објави својот нов Padfone Infinity

Објавено на 19.09.2013 во Новости



Asus го објави својот нов Padfone Infinity

Иако оригиналниот модел на Padfone Infinity не е ниту една година стар, сепак Asus го ажурирање телефонот со нов побрз процесор, слот за microSD картичка, додаде уште еден микрофон и го подобри веќе постоечкиот софтвер за камера. И покрај гласините кои се раширија за батерија со поголем капацитет, сепак втората генерација на Padfone Infinity ќе содржи иста 2400 мега-амперска батерија и исти екран како претходната верзија.

Само колку за споредба, оригиналниот Padfone Infinity беше базиран на Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.7 гигахерци, додека пак новиот модел е поседува Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.2 гигахерци.

Исто така битно е да се напомене дека новиот модел поседува 2 гигабајти LPDDR3 рам меморија, додека пак претходната генерација имаше 2 гигабајти LPDDR2 рам меморија. Иако индустријата за паметни телефони со нетрпение го очекува да излезе новиот Android 4.4, уште познат и како KitKat, новиот Asus Padfone Infinity ќе работи на оперативниот систем Android 4.2.2, верзија наречена Jelly Bean која излезе во Февруари оваа година.

Исто така ќе има опаѓање во меморискиот дел на телефонот, кој ќе ви нуди меморија од 16 или од 32 гигабајти, додека постариот модел на Padfone Infinity поседуваше меморија од 32 или од 64 гигабајти.

Цените и достапноста на новиот модел на Asus сеуште не се обелоденети, иако некои претпоставуваат дека цената на телефонот без било каков договор во Америка би била околу 640 долари.

 

Ѓорѓи Грговски

Автор: Aleksandar Stankov