Intel: Доаѓа Windows 8 таблет за 200 долари

Објавено на 26.07.2013 во Новости



Intel: Доаѓа Windows 8 таблет за 200 долари

 

Иако ова изгледа доста неверојатно дека таблет со Windows 8 би можел да биде со цена од 200, сепак извршниот директор на Intel ја најави оваа информација. Следниот уред на кој работи компанијата ќе има напреден процесор Atom, со 4-јадрен код т.н. ‘Bay Trail’ кој двојно ќе ја зголеми моќта на сегашниот чип и на тој начин ќе успее да држи батерија цел ден. Со редизајнирање на микро архитектурата на чипот на Atom, значи дека Intel донесува чип моќен како персоналните компјутери.

Извршниот директор на Intel изјави дека уредите на допир со Windows 8 кои доаѓаат ќе бидат со ‘Bay Trail’ процесор, вклучувајќи лаптоп и таблети, со доста ниска цена започнувајќи од 200 долари. Овие уреди ќе бидат готови до третиот квартал, кога ќе бидат испорачани новите чипови. Ова е се со цел да се претстави Windows 8 таблет кој ќе работи на десктоп апликации, но за иста цена како и голем број на 7-инчни таблети на Android. Во моментов, најниската цена за Windows 8 таблет е околу 430 долари.  

Автор: Aleksandar Stankov